7.12.09
Експорт-импорт
Бидејќи сме се уште интернетски неписмени, некои од нас не разликуваат блог од официјална веб-страница.
Нашата официјална веб-станица е zdravkocvetkovski.edu.mk
За да не го болат некого моите коментари, им го оставам блогот на ГУЦ на оние кои имаат желба да ги забележуваат настаните од понаков агол (а не официјално),
а сите содржини од тука се експортирани.
28.11.09
Семинари, обуки & работилници
Средбата беше информативна и работна, а сите сугестии беа добредојдени.
Директорите многу сериозно ги прифатија сугестиите, и се сложија со нив.
Главната поента беше во тоа, дека треба да се овозможи полесна преодност на учениците од трет во четврти степен на образование. Односно, наставната програма да се прилагоди за да овозможува полесна преодност. Сега, работите не се баш добри. За илустрација: ученик кој завршил тригодишно образование треба да полага околу 14 диференцијални испити за да може да го продолжи своето образование. Тоа можеби и би било во ред гледано од страна, но не е во ред кога се познаваат работите. Учениците од трет степен секоја година имаат повеќе предмети од останатите (учат хемија, биологија, географија), стручните предмети им се слични, но не баш исти. И, откако ќе завршат, иако имале повеќе предмети, тие треба да полагаат уште колку за две години за да стигнат во четврта.
По неколку дена се случи и една работилница во која учествуваа претставници од нашата младинска организација „Млади градители“. Целта на оваа работилница беше јакнење на капацитетите на локалните младински организации, а учество на обуката земаа повеќе средни стручни училишта од Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово.Цел на проектот: Хуманоста и алтруизмот, одлики на секого!
Резултат: Пари за СОС !
Следна фаза по дефинирање на проектот беше SWOT анализирањето
- S (јаки страна на проектот)
- W (слаби страни на проектот)
- O (предности, можности)
- Т (закани, пречки)
Трета фаза беа активностите за спроведување на проектот
А) Стратегија
Б) Носители
В) Време на реализација
Г) Идентификатори
Од нашето училиште учество земаа наставник-менторот Жанета Димитриевска, потпретседателот на л.м.о. Гаврил Карловски и активниот член Сузана Костовска.
14.11.09
Ден на дрвото 2009
Од нашето училиште многу голем број ученици и сите вработени се вклучија во акцијата.
Од градот добивме четири зимзелени и четири листопадни дрвца. Професорката, заедно со учениците, ги насадија во предниот дел од дворот.
Во 10 часот, дојдоа уште три автобуса кои исто така се преполнија...
5.11.09
Патронат??? - што беше тоа?

Фала богу, овој пат имаше повеќе публика (сите места беа полни, а учениците стоеја по страните).
Рецитаторите, од левата страна си го чекаа својот ред.
Музичарите, исто така...
Директорката ја отвори приредбата...
А потоа следуваше биографијата на Здравко Цветковски...
Историјатот на нашето училиште...
Во првиот ред и внукот на Здравко Цветковски - Здравко Цветковски, кој ни направи чест со своето присуство.
Следуваше албанското хорче кое се претстави со песната „Среќен патронат“
Дијалог за патронот....
Збогум (Lamtumir)...
За развеселување на атмосферата (малку срамежливо) Каролина - Македонска...
Потоа, дел од претставата „Буре барут“...
За на крајот, да се расположиме со гафовите од професорите...
И, на крајот, весело,
весело со Калиопи...
Една официјална фотка на учесниците...
Па, една неофицијална, од публиката...
Доделување на наградите (кој во фудбал, кој во кошарка)...
И, на крајот, во канцеларијата на директорката...
И во знакот на патронатот... се гледаме следната година ... (mirupafashim... - за јубилејот...)
29.10.09
Сепак Белград, а не Прилеп
Додека во Гуц се случуваше хуманитарниот хепенинг во соработка со Црвениот крст, учениците од трета и четврта година не го послушаа мојот совет да одат на екскурзија во Прилеп, па си отидоа во Белград. Утрото на тргање сонцето и златножолтите бои од милата Македонија ги испратија кон соседна Србија.Патем се застануваше за пушење, за мушење и за мал одмор,
и доцна ноќта, по празните улици, назад во „Славија“.
прошетка низ Белград...
Патот кон Куќата на цвеќето...
Внатре, многубројните Титови штафети...
Посета на стадионот „Маракана“,
Посета на зоолошката градина,
и прекрасните фотографии од Гаврил...
(добро де, не се лути, малку сум го утнала местото)
и враќање по Кнез Михајлова ...
Третиот ден...
прекрасниот Нови Сад,
Петроварадинската тврдина...

и, последното утро...тргање кон дома...
но, пред тоа и малку шопинг...
и, се разбира, да не заборавиме дека ние ги завршуваме екскурзиите вака...
Фотографиите ви ги овозможи...






