23.6.09

Во Детско село

СОС Детското село во Скопје прославуваше 60 години од создавањето на првото детско село во светот (во Австрија).

Ние ја искористивме оваа пригода да ги однесеме подароците за нашите пријателчиња.


Прославата ја отвори директорката на селото, Виолета Георгиевска која им подели Благодарници на сите помагатели и донатори.
Примајќи ја Благодарницата, нашата директорка ги поздрави дечињата, ги покани да го продолжат образованието кај нас, каде ќе се грижиме за нив како за свои деца (што е карактеристика на нашето училиште) и нагласи дека нашето училиште е првото од Македонија кое влезе во Проектот за мир преку италијанските училишта.

Додека директорките се на бина, помошниците будно ги следат сите работи. Јуле (пом. дир. на Детско село) меѓу луѓето, јас (пом.дир. на ГУЦ) зад фото-апаратот (и зад компјутерот).


Еве го и Стево (со диреторката) кој ја направи претставата „Шмизла“ од која собравме средства за купување на подароците.





Убаво место, убави луѓе...




убави деца...


кои не се само „некои деца“, туку имаат свои имиња, свое детство кое треба да биде среќно...


На приредбата имаше вистински танчерски таленти. Браво!



И на крајот, гости беа близнаците Некст тајм.




кои беа вистинско задоволство за дечињата, но и за возрасните...









Колку би било убаво да има повеќе вакви села во Македонија и сите наши дечиња да имаат свој дом.




Не можев да одолеам и пред да си одиме морав да ѕирнам преку оградата во неолитското село „Тумба Маџари“ (каде ја пронајдоа убавата Голема мајка)... и ги видов работниците кои подготвуваат нова куќарка.

П.С. Еве врска со написот во весникот „Вечер“ на истата тема (и со слика од нас).

17.6.09

Уписи за прва година

Првиот уписен рок за средно училиште е на 17. и 18. 6. 2009.
Уписот започна во 7.00 часот и уште веднаш почнаа да доаѓаат учениците кои сакаат да се запишат кај нас.
Најмногу интерес имаше за гимназиските паралелки, но и за дел од стручните. Геодетската паралелка речиси нема слободни места, а интересот е зголемен и за архитектонската и градежната струка.
Иако нуди поголеми можности за брзо вработување, тригодишното образование не им беше многу интересно на осмоодделенците.
Оние кои денес не стигнале да си ги поднесат своите документи за упис можат тоа да го сторат и утре.


13.6.09

Вториот екстерен - англиски или математика

Сабота наутро. Сите нормални млади луѓе во Македонија не ни помислуваат да се разбудат. Но, денес над 20 000 матуранти веќе во 8.00 беа во своите училишта за да го полагаат вториот испит од државната матура.
Пред нашето училиште исто така. До 8.30 сите беа тука. Се пронаоѓаа во списоците...


се повлекуваа под сенка...


се среќаваа со другарите...



и си чекаа...



додека тестаторите не ги подигнаа тестовите од кај директорката...




па во 8.45 сите влегоа на определените места...




одговорните ученици со тестаторите ги отворија тестовите...


тестовите се поделија...





се залепија налепниците за идентификација...




и во 9.15 ѕвончето го означи почетокот на испитот.








11.6.09

Државна матура - мајчин јазик

Нашите матуранти го полагаат првиот екстерен испит од државната матура - мајчин јазик.
Се поминува во најдобар ред. Сите дојдоа на време, само по некој ја имаше заборавено личната карта, па ги растрчаа родителите да им ги донесат. Откако првата трема помина, сите мирно си го решаваа тестот.




Иако, секогаш има по некој да се глупира, ама тоа си е вродено.


















Се гледаме во сабота, на тестот по математика (или англиски).










10.6.09

10 јуни

КООООНЕЧНО!
Заврши учебната година!
Завршија здодевните часови, страшните испрашувања, тестови, писмени работи...
Завршија и големите одмори, дружењето со клас, играњето на училишниот компјутер, бегањето од часови и пиењето кафиња по соседните кафулиња.
ГУЦ цело лето ќе биде како што беше денес попладне - празен!
















и запечен од жешкото скопско сонце...





Сепак, така е само за учениците од прва, втора и трета година.
За матурантите утре е тежок ден - се одржува првиот испит од државната матура: мајчин јазик и литература. Со среќа!










8.6.09

Отворен ден

Во дворот на нашето училиште денес (8. 6. 09) имаше Отворен ден. Се претставуваа струките кои ги има кај нас, вештините на нашите ученици, а сето тоа проследено со забавна програма.
Во Македонија не се масовно посетени ваквите настани иако ова е убава прилика идните ученици да се запознаат со средината во која ќе учат и созреваат.
За жал, предрасудите и „градските муабети“ го ставаат нашето училиште на место кое нас не навредува од проста причина што не е соодветно.
Откако во второто полугодие се активиравме и се појавувавме на сите можни настани ме навредуваа комплиментите што сите ни ги даваа: „Колку убави и паметни деца сте имале во ГУЦ“ (а што си мислеа луѓево?)

Овие убави девојки денес ги презентираа гимназиските подрачја и активностите што се случуваа изминатава учебна година.




Професорката Жанета го реконструираше штандот од МАССУМ (и им покажуваше на учениците како се прави тоа, додека тие „си ги клатеа нозете“)



Дарко демонстрираше како се прават конструкции од гипс картон (Кнауф).



Градежните струки се претставија со свои штандови.
Геодетите со своите скапи инструменти за мерење...


и проектите кои ги исцртуваат...



Архитектите на својот штанд ги претставија макетите изработени од учениците,




со проектите





нацртани од нашите уметнички души...



кои фотографираат, пеат, свират, сликаат и прават мозаици кои денес за првпат ги изложивме...










градежните техничари со мостовите, тунелите, патиштата...



(кои го уредија и мултимедијалниот штанд)


Директорката ги поздрави присутните и ги повика осмоодделенците да не се двоумат и да се запишат во нашето училиште каде освен на наставата, особено внимание им се посветува на воннаставните активности и на откривање на талентите кои ги поддржуваме.



За тоа време професорите плескајќи и на директорката се криеја од силното сонце под сенките на големите дрвја.










А бендот се собираше во другиот агол на дворот...




Од забавниот дел, први беа „Коза и Ѕвер“ од претставата „Шмизла“ кои во слободна верзија одглумија една сцена.









Со нас, на овој убав настан, беа и нашите поддржувачи...



и



На крај, нашиот бенд направи цел концерт...







Концертот го привлече вниманието на оние кои требаше да дојдат уште на почетокот...
(осмоодделенците кои влегуваат - во позадина).



Овој Отворен ден им беше посветен на учениците кои треба да се запишуваат во средно училиште, но испадна добар и како ден за најава на летниот распуст кој сите со нетрпение го очекуваме.