15.8.09

Делење дипломи

Матурантите успешно го завршија своето средношколско образование. Ја положија државната матура и заслужено ги добија дипломите.
Бидејќи во нашето училиште има големи градежни зафати, единствено место каде можевме малку посвечено да ги пречекаме беше Салата за состаноци.



На секое столче имаше честитка со име и презиме на матурантот, па така секој си имаше точно определено свое место и едно мало споменче со убави зборови од нашето училиште и од професорите.
И да имавме простор и финансиски можности сигурно немаше да правиме таква прослава што сè почесто можеме да ја видиме по другите средни училишта. Имитирањето на „оксфордскиот“ начин на делење дипломи не ни доликува нам. Ние си имаме свој начин и нема да го достигнеме Западот со имитирање на нивните традиции.
Во 17. 00 часот матурантите си ги зафаќаа своите места,



си ги раскажуваа случките од изминатото лето,


а кога се собраа сите, директорката им се обрати со благодарност за нивната работа и заложби за училиштето и им посака многу среќа и успех во понатамошното школување и во животот.

Најпрво му честиташе на ученикот на генерацијата, Мартин Апостоловски, и му посака да продолжи да биде успешен,

а потоа им ги врачи дипломите на сите наши матуранти.


Ви посакуваме многу среќа и успех, и да не нè заборавите.