17.9.09

За време на распустот

Кога почна летниот распуст, кога сите професори си отидоа на годишен одмор, некој остана во училиштето и одморот го поминуваше правејќи го ова:



за да го добиеме ова:







Потоа од ова:

преку ова:

па ова:



да го добиеме ова:

Се надеваме дека сите ќе се потрудат што подолго да го зачуваат и одржуваат она што е обновено. Дека учениците нема веднаш сè да испокршат и испошкртаат, а дека наставниците ќе водат повеќе грижа.

1.9.09

Први септември 2009

400-те ученика кои се запишаа во нашето училиште дојдоа денес во училишниот двор да се запознаат со новите класни раководители и со своите соученици.


Тие ја почувствуваа новата средношколска атмосфера, го добија распоредот на часовите, утре ќе им ги дадеме учебниците... и ќе почнеме со учењето и дружењето.




Немојте да заборавите да се зачлените во Младинската организација и да учествувате во сите воннаставни активности. Бидете активни и покажете ги своите способности - ние ќе ве поддржиме.



Со учениците од втора година (стручно образование) блогерски ќе го совладуваме и материјалот по македонски јазик и литература. Сите лекции (како што следуваат) ќе ви ги претставувам на тој блог каде ќе ве поврзувам со најинтерсените и најкорисните страници. А оние кои се интересираат за другата страна на реалноста може да го читаат овој мој блог.

Со среќа почетокот на новата учебна година!