4.6.09

На гости во Ѕвон

Ова полугодие трипати гостувавме во „Ѕвон“.
Таму почнавме да се чувствуваме како дома. Уредниците на емисијата знаат дека кај нас постојано нешто се случува, па затоа нè покануваат да се пофалиме.
На почетокот Директорката Драгица Костадиновска се заблагодари на поканата, ги пофали нашите вредни ученици кои освоија многу награди и ги покани сите да присуствуваат на нашиот ОТВОРЕН ДЕН во понеделник, на 8. 6. 2009 во 12.00 часот во дворот на училиштето. Ќе биде интересно, немојте да го пропуштите. Ќе има практично презентирање на градителските вештини, но и забавен дел, музика (од нашиот бенд) и други изненадувања.
Велимир Петровски, претставникот на Кнауф - Радика образложи за тесната соработка, (партнерство) меѓу нивната фирма и нашето училиште. Тие освен што постојано финансиски нè поддржуваат, помагаат да се вработат учениците - даваат препораки во фирмите со кои соработуваат, а и самите ги вработуваат.
Нашите ученици ги претставија сите струки што се изучуваат во ГУЦ: архитектонска, градежна, геодетска, монтери за сува градба, ѕидаро-фасадери...

Исто така, гимназиските паралелки - кои се исти како и во сите гимназии во Македонија, или како што рече водителот: „најдобри од сите“.
И навистина се најдобри - во борбата да освојат што повеќе награди и да го претстават нашето училиште во вистинско светло (а не онака како што другите сакаат да го восприемат).


Професорката Соња Стефановска го претстави маркетингот планот (со кој освоија второ место на МАССУМ), а кој реално ќе почне да функционира од септември. Имено, се работи за лабораторија за испитување на градежни материјали, за која веќе имаме инструменти; како и проектантското биро кое исто така е во фаза на обновување.



Во вториот дел од емисијата имавме можност да се фалиме со нашите активности: театарската претстава, училишниот бенд, ораторството, спортските активности...

макетарската секција...


и сè така, со фалби од успесите до пред крајот на емисијата, кога дојдоа вторите гости од Кочани, кои доцнеа.





5 коментари:

  1. Навистина се фалиме многу,ама имаме и многу прицини за фалби,нели?

    ОдговориИзбриши
  2. Bravooo GUUC , najdobri ste, a bogami i najubavi!!!

    ОдговориИзбриши
  3. Navistina bevte zakon ve gledav na tv a jas sum ucenik od osmo odd samo napred ama na dramata trebase da ima malce seks vo zivo

    ОдговориИзбриши
  4. Ali baba saka seks so Dona

    ОдговориИзбриши